Поставени табли со еколошки пораки
Како дел од спроведувањето на едукативните кампањи за подигање на еколошката свест кај населението од Општина Берово од страна на комуналното претпријатие ЈПКР ,, Услуга,, -Берово сектор- Паркови и зеленило се изготвени табли со еколошки пораки.
Пораките допринесуваат да се потикнат граѓаните да не фрлаат ѓубре на дивите депонии , да ја зачуваат чиста реката Брегалница односно да се зачува природата зошто и самите сме свесни каков благодет имаме од чиста и здрава животна средина.
Таблите се поставени на видни места во градот и се молат граѓаните да се придржуваат кон зададените пораки со што ќе го направиме Берово едно од најчистите и најпосакуваните места за живеење во нашата државата .