Вести
Подобри го мојот град: Нова функционалност каде граѓаните може да пријавуваат проблеми и на истите да се интервенира                                            Нов веб портал: Активен е новиот веб портал на ЈПКР Услуга                      

 С О О П Ш Т Е Н И Е


до граѓаните на Општина Берово

    По повод големиот интерес во јавноста за висината на тарифите на водните услуги, ЈПКР Услуга Берово го издава следното соопштение:
    Според Законот за утврдување на цените на водните услуги, донесен од страна на Собранието на Република Македонија на 15.01.2016 година и објавен во Сл.весник 7/16 на 18.01.2016 година, постапката за утврдување на водните услуги ја врши Регулаторна комисија за енергетика на Р. Македонија.
    Во согласност со Упатството за подготовка на барањето за утврдување на тарифа за водна услуга до пропишаниот рок, 15.09.2017 година, ЈПКР Услуга Берово уредно достави Барања за утврдување на тарифи за трите водни услуги кои ги дава на граѓаните на територијата на Општината: снабдување со вода за пиење, собирање и одведување на отпадни води и прочистување на отпадни води. По разгледувањето на Барањата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, истата достави Решенија со кои ги утврди просечните тарифи за вршење на водните услуги, како и минимален и максимален опсег изразен во проценти.
    Со тоа  процедурата за конечно утврдување на тарифите за водните услуги не е завршена, бидејќи е предвиден  законски рок за приговори и жалби и крајната одлука за висината на тарифите за водните услуги треба да ја донесат општините.
    ЈПКР Услуга Берово навремено ќе ги информира граѓаните на Општина Берово за за понатамошната постапка и конечните одлуки во однос на промени на тарифите на водните услуги.

ЈПКР Услуга Берово

Општина Берово

АДКОМ

Архива

Кој е онлајн

Имаме присутни 6 гости и нема членови