Вести
Подобри го мојот град: Нова функционалност каде граѓаните може да пријавуваат проблеми и на истите да се интервенира                                            Нов веб портал: Активен е новиот веб портал на ЈПКР Услуга                      

Почитувани корисници

 

Во последно време се почеста е појавата на фрлање на разновиден отпад ( најповеќе парчиња од текстил, пластика, дрво и сл.) во канализациониот систем. Поради тоа  во системот за собирање е пречистување на отпадни води многу често доаѓа до несакани случувања и тоа:

     1.    Доаѓа до делумно па и целосно негово запушување со што на поедини делови од канализациониот систем доаѓа до прелевање и попла-вување на околината;

     2.    Доаѓа до проблеми во работењето на пречистителната станица за отпадни води, и тоа посебно во механичкиот дел на пречистување каде, како последица од исфрлањето на секаков отпад, доаѓа до запушување на пумпите во пумпната станица и до прекумерно абење на филтрите кои непрекинато работат во такви ситуации. Последица на тоа е појавата на дефекти кај инсталираните машини во пречис-тителната станица и зголемена потрошувачка на електрична енергија во нејзиното функционирање.

 

Отпад од филтер на влез во Пречистителна станица за отпадни води

 

 

 

 

   

   

 

Последици по машинскиот парк во Пречистителната станица за отпадни води

 

Поради претходно наведеното ЈПКР ,,Услуга“ Ве замолува Вас, корисни-ците на нејзините услуги, за совесно работење за да не доаѓа до проблеми во функционирање на канализациониот систем од кој сите граѓани имаат само корист.


ПОМОГНЕТЕ НИ ЗА ДА МОЖЕМЕ ПОЛЕСНО ДА ГИ ИЗВРШУВАМЕ НАШИТЕ ЗАДАЧИ
                                                                      

       
                                                                       ЈПКР ,,Услуга“-Берово

 

 

Општина Берово

АДКОМ

Архива

Кој е онлајн

Имаме присутни 5 гости и нема членови