Вести
Подобри го мојот град: Нова функционалност каде граѓаните може да пријавуваат проблеми и на истите да се интервенира                                            Нов веб портал: Активен е новиот веб портал на ЈПКР Услуга                      

ЈПКР „Услуга“ Берово апелира, сите диви приклучоци на водоводната мрежа да се пријават во просториите на претпријатието најдоцна до 31.12.2018година.

Целта е  граѓаните со вакви приклучоци да станат легални корисници на услугите.
Во продолжение соопштението на ЈПКР „Услуга“ Берово


С О О П Ш Т Е Н И Е


Им се соопштува на сите жители на Општина Берово доколку имаат неовластено и самоволно, без одобрение на давателот на услугата, приклучување на водоводната мрежа, без поставување на водомер, истото да го пријават во просториите на ЈПКР „Услуга“ Берово најдоцна до 31.12.2018 година.
После овај период доколку ЈПКР „Услуга“ Берово констатира нелегален приклучок (кражба на вода) против сторителот ќе се применат мерките согласно Кривичниот закон.


.ЈПКР „Услуга“ Берово
Директор
Илија Рунтевски

ЈПКР „Услуга“ Берово ги известува граѓаните на Општина Берово да не се фрла градежен отпад  во кантите за коунален отпад,  затоа што со тоа се оштетува возилото за собирање на отпадот и во недела и празнични денови да не се преполнуваат кантите, со оглед на тоа дека овие денови се неработни за ЈПКР „Услуга“ Берово, а со цел да се избегне разнесување на отпадот и оставање грозна слика за градот.


Во продолжение соопштението на ЈПКР „Услуга“ Берово:


С О О П Ш Т Е Н И Е


Им се соопштува на граѓаните на Општина Берово дека треба да се придржуваат до неколку правила кои ќе допринесат за почисо и поубаво Берово :
Градежниот шут, земја, камења и пилевина доколку е во мала количина уредно да биде спакуван во вреќа најмногу до 20 килограми. и ставен покрај кантата.
Во никој случај да не се фрла земја, камења, пилевина и градежен шут во кантите затоа што се оштетува специјалното возило за собирање на смет.
Граѓаните кои нема да се придржуваат до ова и бидат затекнати на лице место како вршат неправилно одлагање на сметот ќе бидат казнети согласно Законот за управување со отпад.


Гранките и тревата да се ставаат покрај кантата за отпад и за нивното одлагање да се известува ЈПКР „Услуга“ Берово, за да се организира нивно навремено подигање.
Во недела и празник да не се преполнуваат кантите со  отпад, бидејќи тоа се  неработни денови за ЈПКР „Услуга“ Берово.
Во зимскиот период да се внимава да не се фрла неизгаснат пепел поточно жар во контејнерите (пепелот да се исфрла отстоен еден ден).
Граганите кои нема да го почитуваат ова и бидат затекнати на лице место можат да бидат казнети.


ЈПКР „Услуга“ Берово
Директор
Илија Рунтевски

 

 С О О П Ш Т Е Н И Е


до граѓаните на Општина Берово

    По повод големиот интерес во јавноста за висината на тарифите на водните услуги, ЈПКР Услуга Берово го издава следното соопштение:
    Според Законот за утврдување на цените на водните услуги, донесен од страна на Собранието на Република Македонија на 15.01.2016 година и објавен во Сл.весник 7/16 на 18.01.2016 година, постапката за утврдување на водните услуги ја врши Регулаторна комисија за енергетика на Р. Македонија.
    Во согласност со Упатството за подготовка на барањето за утврдување на тарифа за водна услуга до пропишаниот рок, 15.09.2017 година, ЈПКР Услуга Берово уредно достави Барања за утврдување на тарифи за трите водни услуги кои ги дава на граѓаните на територијата на Општината: снабдување со вода за пиење, собирање и одведување на отпадни води и прочистување на отпадни води. По разгледувањето на Барањата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, истата достави Решенија со кои ги утврди просечните тарифи за вршење на водните услуги, како и минимален и максимален опсег изразен во проценти.
    Со тоа  процедурата за конечно утврдување на тарифите за водните услуги не е завршена, бидејќи е предвиден  законски рок за приговори и жалби и крајната одлука за висината на тарифите за водните услуги треба да ја донесат општините.
    ЈПКР Услуга Берово навремено ќе ги информира граѓаните на Општина Берово за за понатамошната постапка и конечните одлуки во однос на промени на тарифите на водните услуги.

ЈПКР Услуга Берово

 ЈПКР “Услуга“ ги повикува граѓаните да ги платат заостанатите долгови без камати

 

Се информираат граѓаните на Берово и населените места во општината кои се приклучени на општинскиот водовод и кои имаат заостанат долг за вода и комунални услуги дека истиот можат да го платат на рати со склучување на договор за регулирање на наплата од побарувања.

 


Со потпишувањетo на договорот со одлука донесена од страна на Управен одбор при ЈПКР “Услуга“ Берово на 27.02.2017 година, на лицата со заостанат долг ќе им биде отпишана каматата.

 

 

Извештај од тестирање на водата за пиење издаден од ЈЗУ "Институт за јавно здравје на Република Македонија"

ПРЕЗЕМИ ДОКУМЕНТ

 

Општина Берово

АДКОМ

Архива

Кој е онлајн

Имаме присутни 10 гости и нема членови