Вести
Подобри го мојот град: Нова функционалност каде граѓаните може да пријавуваат проблеми и на истите да се интервенира                                            Нов веб портал: Активен е новиот веб портал на ЈПКР Услуга                      

Со средства од проектот за управување на речниот слив на река Брегалница, направена е целосна реконструкција на пумпната станица за вода во село Русиново.

Овој проект беше изгласан како приоритет на отворен форум  организиран од страна на Општина Берово.


Самиот објект каде што се сместени пумпите беше во фаза во која беше неопходно реновирање.

 

Со реализација на проектот е направена целосна реконструкција на објектот, санација на фундаментите за опремата, нова електричната инсталација, санација на покривната конструкција и други елементи во објектот кои што допринесуваат за нормално функционирање на пумпната станица во целина.


Во пумпната станица се инсталирани пумпи кои целосно ќе ги задоволуваат потребите на населението од населеното место. Новина е инсталираниот современ софтвер со SCADA систем за дигитална контрола на работата на пумпната станица.

 

 

Општина Берово

АДКОМ

Архива

Кој е онлајн

Имаме присутни 55 гости и нема членови